Започнаа подготовките за тестирањето за Меѓународната студија ПИРЛС за оспособеноста на учениците за читање

пред 11 месец

Со вебинари на коишто учествуваат наставници коишто држат настава на ученици од четврто одделение и директори од сите училишта во државата, Министерството за образование и наука ги започна подготовките за претстојното тестирање за Меѓународната студија ПИРЛС 2021 година.

Со оваа меѓународна студија се проверува оспособеноста на учениците од 9-10 годишна возраст за читање со разбирање, а Република Северна Македонија во тестирањето ќе учествува заедно со околу 50 држави од целиот свет.

Подготовките ќе траат до стартувањето на тестирањето и во истите се вклучени Бирото за развој на образование и Државниот испитен центар.

Министерката за образование и наука Мила Царовска им посака успешна обука на наставниците и директорите, посочувајќи дека тие се најважната алка во постигнувањето на добрите резултати на тестирањата.

„Подобрувањето на квалитетот и зголемувањето на ефикасноста на образованието според современите светски образовни стандарди, се клучни цели на нашата образовна политика. За таа цел ја организираме и оваа обука којашто треба да ни ги подобри резултатите на претстојните тестирања за Меѓународната студија. За резултатите од тестирањата да станат наша национална гордост е потребна огромна посветеност и работа од сите нас. Затоа наставниците и начинот на којшто тие ќе го пренесат знаењето на децата ни се клучни во овој процес и во резултатите коишто ќе ги постигнеме идната година“, рече Царовска.

Меѓународното оценување, како дел од концепцијата што ќе го поддржи државното тестирање, опфаќа студии за оценување од големи размери во која учествуваат голем број земји. Една од целите на ваквите студии е да се обезбедат податоци што можат да се користат за да се направат меѓународни споредби во однос на постигањата на учениците. Ова тестирање опфаќа прашалници за ученици, родители, наставници и директори и се добиваат резултати за тоа како културната средина, наставната практика, целите на наставните програми и систематското уредување на образованието влијаат врз постигањата на учениците.

Share

Yu Tong (https://twistmoe.net/m/QVd1) Episode Full

AnimeKisa: Eureka Seven Hi-Evolution 1 (Dub) anime episode Full online free at https://animekisa.in dubbed anime

Website https://animeflv.uk: Watch UFO Ultramaiden Valkyrie 3: Bride of Celestial Souls' Day animeflv Episode 6 animeflv

AnimeTV: El Hazard: The Alternative World anime episode 13 online free at https://animetv.cc best anime tv

Mixcloud: https://www.mixcloud.com/gogoanimebe/

Google: https://www.google.com/maps/d/edit?mid=1DIUd3uwqJsW4WzTZ2yATwOqDGu3aToNH&usp=sharing

Scroll to Top