Експремиерот Никола Груевски се спаси од затворската казна за случајот „Тенк“ бидејќи на 4 октомври поминуваат шест години од правосилната пресуда за Груевски во предметот за набавката на владиниот „мерцедес“.
За истиот предмет поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, ја издржа законската казна од 4 години, а поранешниот заменик-министер Ѓоко Поповски издржа 4,6 години во затвор, потсетува Радио Слободна Европа.
Со измените на Кривичниот законик лани се намалија казните за кривичните дела, како што се злоупотребата на службената положба и овластувањата и злосторничко здружување, што доведе до застарување и ослободување на повеќе поранешни функционери и нивни блиски соработници.
Претходно, на Груевски му застареа предметите ТНТ – за уривањето на комплексот „Космос“ и „Траекторија“.
Груевски веќе шест години живее во Унгарија, каде што доби политички азил.
Текстот Застарува затворската казна за Груевски за набавката за „мерцедесот“ е превземен од МАКФАКС.





