За недвижниот имот кој не се користи ќе се плаќа трипати повисок данок

пред 5 месеци

На денешната владина седница, беше разгледан и усвоен предлогот за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот со кој ќе биде обезбедено прогресивно оданочување, а ќе биде во сила од 1 јауари 2022 година.

Исто така со Предлог-законот се предвидува позитивно влијание врз буџетот на Единиците на локалната самоуправа бидејќи со пропишаните стапки се зголемуваат и се утврдуваат состојби во кои данокот на имот за другиот недвижен имот опишан во поимникот, кој е во сопственост на државата или на општините, скопските општини и на Градот Скопје како и во сопственост на физички и правни лица, а кој не се користи, подолго од шест месеци во текот на една година, да се зголеми за три пати во однос на стапката пропишана со законот.

Со одредби од овој Закон се пропишува и дека државата, општините, скопските општини и Градот Скопје, како и физичките и правни лица кои нема да пријават дека одреден недвижен имот не го користат, ќе платат данок кој ќе биде за пет пати повисок од пропишаниот.

Share

4Anime persona 4 the animation funimation: Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime Episode 16

KissAnime kiss anime monster: Watch Dr. Stone (Dub) Episode 8

Scroll to Top