За 3.200 вработени во УКИМ се изнајде решение за зголемување на нивните плати, вели министерот Велковски

За 3.200 вработени во УКИМ се изнајде решение за зголемување на нивните плати, вели министерот Велковски

пред 5 месеци

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски оствари средба со ректорот на УКИМ, Биљана Ангелова и нејзиниот тим, заедно со претставници на синдикатот, при што се изнајде решение за признавање на поединечниот колективен договор на УКИМ, а со тоа и зголемување на нивните плати, извести МТСП.

„Ги повикувам ресорните министерства, Министерството за образование и наука и Министерството за финансии да изнајдат брзо решение за признавање на колективниот договор и зголемување на платите на вработените во Универзитетот”, рече Велковски.

Во врска со надлежноста на МТСП, Министерството известува јавноста дека се работи за поединечен колективен договор, за кој што потписниците, согласно член 231 став 3 од Законот за работни односи имаат обврска да го известат министерството за неговото потпишување, што во конкретниот случај е и направено. Бидејќи потписниците на колективниот договор склучен помеѓу Собранието на РСМ и УКИМ постапиле согласно предвиденото во Законот, по однос на ваквиот вид на договор, МТСП смета дека нема правна пречка во однос примената и понатамошно постапување по истиот.

Текстот За 3.200 вработени во УКИМ се изнајде решение за зголемување на нивните плати, вели министерот Велковски е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top