Зголемена фреквенција на возила, на Богородица и Дојран се чека околу 30 минути

Зголемена фреквенција на возила, на Богородица и Дојран се чека околу 30 минути

пред 10 месеци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица и ГП Дојран времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Текстот Зголемена фреквенција на возила, на Богородица и Дојран се чека околу 30 минути е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top