Земјотрес почувствуван во Валандово и во Струмица

Земјотрес почувствуван во Валандово и во Струмица

пред 10 месеци

Сеизмолошката опсерваторија денес во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово.

Земјотресот е со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово, Струмица и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Текстот Земјотрес почувствуван во Валандово и во Струмица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top