Изложбата „Љубовници во пандемија“ на уметницата Јана Манева -Чупоска поставена во Украина

пред 6 месеци

Во Националниот музеј за уметност во Херсон – Украина, поставена е изложба на цртежи и колажи на Јана Манева -Чупоска.

Изложбата се состои од четириесет дела, цртежи и колажи изработени во комбинирана техника: молив, јаглен, акрил и темпера.

Авторката Манева -Чупоска е инспирирана од актуелната состојба со корона-кризата која во негативен правец целосно го промени начинот на животот кај луѓето.

Насловот на изложбата „Љубовници во пандемија“ има алегорична конотација кој алудира на надеж и потреба за враќање на животот во нормален правец.

Преку фигуративните композициски ликовни претстави, ликовната уметница Јана Манева-Чупоска ја пренесува нејзината психолошка и емотивна состојба во корона-кризата.

Таа љубовта ја нагласува како ликовен симбол кој во овие дела дава надеж дека сепак љубовта ќе го спаси човештвото.

Изложбата е под кураторство на професорката Елена Чепелук професорка на Факултетот за уметност и дизајн во Херсон.

Изложбата освен во Националниот музеј беше претставена и во галеријата на Факултетот за уметност и дизајн во овој украински град.

Изложбата „Љубовници во Пандемија“ е финансирана од Министерството за Култура на Р. Македонија како Национален проект од ликовната област за 2020 година.

Share

4Anime danganronpa 4anime: Watch The Rising of the Shield Hero Season 2 Episode 1-Preview (https://4anime.biz/m/XyOa/ep-1)

AnimeHeaven animeheaven hunter x hunter: Watch The Misfit of Demon King Academy Episode 4 (https://animeheaven.pro/m/NpmK/ep-4)

Scroll to Top