Изминатата недела е регистриран нов заболен со западнонилска треска, од Росоман, вкупно 71 случај во 2026 година, според извештајот на ИЈЗ

Изминатата недела е регистриран нов заболен со западнонилска треска, од Росоман, вкупно 71 случај во 2026 година, според извештајот на ИЈЗ

пред 4 часа

Во 2026 година, а заклучно со 29.09.2026 година, во Македонија е регистриран вкупно 71 случај на Западно-нилска треска, според последниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Од регистрираните случаи, а согласно дефиниција на случај, 66 се водат како потврдени, а пет како веројатни.

Според место на живеење на заболените, 63 случаи се од Скопје (48 од град Скопје и 15 од општини во околина на град Скопје), три случаи од Велес (2 од Велес и еден од Чашка), два случаи од Кавадарци (еден Кавадарци, еден Росоман) и по еден случај е од Куманово, Свети Николе и Тетово.

Регистрирани се 70 автохтони случаи и еден случај со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија.

Од регистрираните случаи, 52 или 73,2% се машки, а 19 или 26,8% се женски.

Во однос на возраснаа дистрибуција, најголем дел се лица на возраст над 60 години – 58 (81,7%), седум се лица на возраст од 50-59, две лица на возраст од 40-49, едно лице на возраст од 30-39, а три лица на возраст од 20-29 години.

Просечната возраст изнесува 66,5 години (SD ± 13,1 години; min 25, max 85).

Почетокот на симптомите кај најголем дел од заболените – 39 или 54,9%, е регистриран во месец август. Со почеток на симптоми во септември се регистрирани 12 случаи (16,9%). Кај 17 случаи (23,9%) почетокот на симптомите е во месец јули, два во месец јуни, а кај еден случај во месец мај.

Сите заболени со невроинвазивна болест (69) биле хоспитализирани, 67 во УК за инфективни болести и фебрилни состојби и по еден во Аџибадем Систина и Клиника Жан Митрев.

Испишани – 54 или 78,3% од хоспитализираните потврдени случаи; Сè уште на лекување – 5 (7,2%) од хоспитализираните потврдени случаи; Починати – 10 од хоспитализираните потврдени случаи; Просечно траење на лекување (испишани/починати лица) – 15 дена.

Во текот на 2026 година, до 29.09.2026 година, регистрирани се 10 смртни случаи кај пациенти со невроинвазивна болест на ЗНТ со леталитет од 14,1% од регистрираните потврдени случаи.

Сите починати лица се од машки пол; Возрасна дистрибуција – просечната возраст изнесува 71 година (SD ± 6,1 години; min 62, max 83); Починатите лица се од Скопје (9) и Куманово (1); Сите починати лица биле хоспитализирани; Кај девет починати лица се регистрирани коморбидитети.

Дијагнозата е потврдена со серолошко испитување на ликвор.

На 11.08.2026, ЦЈЗ Скопје пријави епидемија на Западно-нилска треска во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и Бутел.

Во текот на изминатата недела (23-29.09.2026), пријавен е еден нов случаи, од Росоман. Регистриран е еден нов смртен исход, од Скопје.

Текстот Изминатата недела е регистриран нов заболен со западнонилска треска, од Росоман, вкупно 71 случај во 2026 година, според извештајот на ИЈЗ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top