Инспекторатот на Град Скопје на терен со цел сузбивање на дивите превозници

пред 3 години

Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје континуирано вршат редовни контроли со цел сузбивање на дивите превозници на подрачјето на градот Скопје.

Во текот на изминатата недела проверени се 5 превозници и изречени се 5 казни на диви превозници кои сообраќале и вршеле превоз на патници, без при тоа да ги почитуваат законите и прописите за превоз на патници.

Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор за да овозможи почитување на прописите, a инспекторатот продолжува со засилени контроли и на јавните површини. Неселективно ќе се санкционираат сите што не го почитуваат законот и ја доведуваат во прашање безбедноста на патниците и другите учесници во сообраќајот.

Share
Scroll to Top