Инспекторат за животна средина: Наскоро ќе се чисти малата депонија во „Охис“

пред 5 месеци

Државниот инспекторат за животна средина продолжува со увидот во индустриските зони, каде што работат по десетици инсталации, за кои е неопходна строга и континуирана контрола.
На 23-ти декември се изврши вонреден инспекциски надзор во кругот на АД “ОХИС” Скопје.

„ При надзорот Еко-центар вршеше препакување на хемикалии од историското загадување, нивно припремање за извоз и финално отстранување во странство. Оваа компанија неодамна го отстрани мономер винил-хлоридот што е веќе уништен во Франција. Активностите се реализираат во согласност со План за празнење и преточување на опасни хемикалии, а со примена на мерки за заштита на работниците. Ќе се вршат дополнителни надзори за следење на емисиите при преточувањето.

При надзорот на работата на Езо-тех, кој работи на собирање и транспорт на опасен отпад, се утврди дека на локацијата чува опасен индустриски отпад, преземен од правни лица во технолошките развојни зони. Отпадот што е складиран веќе неколку месеци, може на локацијата да се чува до три години, односно Езо-тех ќе мора да најде начин за негова преработка или третман во земјата или во странство.

Компанијата Галванотехна врши површинска обработка на метални производи и во моментот се подготвува за почеток на работа. Од технолошкиот процес се очекуваат отпадни води што ќе мора да се пречистуваат. Надлежен инспектор ќе изврши надзор по пуштањето во работа.

Како што е познато, најзначаен извор на загадувањето на воздухот од оваа индустриска зона се депониите на линдан. Чистењето на малата депонија се очекува да започне наскоро, по доцнење од неколку месеци. Инспекторатот ќе врши редовен надзор над спроведувањето на чистењето“ се наведува во извештајот на ДИЖС.

Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека ќе продолжи да врши сеопфатен надзор над работата на инсталациите во кругот на ОХИС, а особено над постапувањето со опасен отпад, анализирајќи ги договорите на компаниите што имаат дозвола за транспорт и складирање. Како што се додава, ќе се анализираат и транспортните формулари, за да се следи од каде се собира опасниот отпад, кој го транспортира и каде се отстранува. Овие анализи можат да откријат потенцијални нерегуларности што ќе бидат предмет на идни надзори, појаснуваат од инспекторатот.

Share

GoGoAnime gogoanime reddit: Scum's Wish Episode 12

4Anime hotarubi no mori e 4anime: JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable Episode 39

Scroll to Top