Инфективна, ГАК и Психијатрија добија нови директори: сменета и Милена Стевановиќ

Инфективна, ГАК и Психијатрија добија нови директори: сменета и Милена Стевановиќ

пред 2 години

Министерството за здравство информира дека поради истекување мандат во време на предизборниот период спореведни се конкурси во 3 јавно-здравствени установи за избор на 4 директорски места.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје, по спроведениот конкурс, за нов медицински директор избран е д-р Фадил Цана во согласност со доставените документации.

На Клиниката за гинекологија и акушерство – Скопје, по спроведените конкурси, мандат добија д-р Викторија Јовановска како медицински директор и Јетон Шаќири како организациски директор.

На Клиниката за психијатрија за медицински директор е назначен проф. д-р Стојан Бајрактаров.

Сите именувани директори на јавно-здравствените установи се стручни во својата област и имаат долгогодишно искуство.

Текстот Инфективна, ГАК и Психијатрија добија нови директори: сменета и Милена Стевановиќ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top