ИПАРД не е суспендиран, уверува Министерството по наводите на опозицијата

ИПАРД не е суспендиран, уверува Министерството по наводите на опозицијата

пред 6 часа

Европската комисија нема донесено одлука за суспензија на средствата од ИПАРД III програмата, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од Министерството наведуваат дека опозицијата преку свои соопштенија и изјави се обидува да ја манипулира јавноста, посочувајќи дека Европската комисија нема суспендирано средства од програмата.

Во соопштението се наведува дека на состаноците со претставниците на Европската комисија било најавено спроведување дополнителни контроли во делот на веќе завршените предмети. По завршувањето на проверките и контролите од страна на надлежните институции, како што се посочува, реализацијата на ИПАРД III програмата ќе продолжи без застој.

Министерството информира дека Македонија останува посветена на искористувањето на европските фондови, наведувајќи дека во моментов искористеноста на ИПАРД III програмата изнесува 7,3 отсто, што, според нив, е добар резултат во регионот и втор најдобар по Турција.

Од Министерството уверуваат дека ниту еден земјоделец нема да биде загрозен во однос на користењето на средствата од ИПАРД III програмата и апелираат до опозицијата да се воздржи од, како што наведуваат, неосновани коментари и дезинформации, во интерес на заштита на угледот на државата пред меѓународните институции.

Текстот ИПАРД не е суспендиран, уверува Министерството по наводите на опозицијата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top