Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо

Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо

пред 4 часа

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека исплатата на пензиите се одвива редовно и без промени. Сите пензии се исплаќаат во согласност со важечките законски одредби.

„Во врска со информациите за постапката во Уставниот суд, Министерството појаснува дека отворањето постапка не значи укинување или измена на мерките што во моментот важат. Сите законски решенија остануваат во сила до донесување конечна одлука од судот“, се наведува во соопштението.

Министерството апелира до пензионерите да не подлегнуваат на дезинформации и шпекулации и додава дека каква било евентуална промена во законската рамка ќе биде навремено и транспарентно соопштена.

 

Текстот Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top