„И Мицкоски горд на слика со Ковачев, што има заедничко со негаторот на Гоце Делчев“, прашува СДСМ

„И Мицкоски горд на слика со Ковачев, што има заедничко со негаторот на Гоце Делчев“, прашува СДСМ

пред 3 години

„Не е само Гордана Силјановска, горд на слика со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев има и Христијан Мицкоски“, соопшти СДСМ.

„Андреј Ковачев е познат негатор на македонскиот народ. Јавно порачуваше дека Гоце Делчев е Бугарин, дека Браќата Миладиновци напишаале бугарски народни песни, а не Зборник, дека историјата ни е фалсификувана.

Што има заедничко Мицкоски со Ковачев?

Дали Мицкоски се согласува со изјавата на Ковачев за Зборникот на Браќата Миладиновци?

Сликите кажуваат многу. Бугарското и македонското ВМРО работат на штета на државата, прават сѐ да ја закочат европската перспектива на Македонија“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Текстот „И Мицкоски горд на слика со Ковачев, што има заедничко со негаторот на Гоце Делчев“, прашува СДСМ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top