Казнети 411 возачи во Скопје, од кои 83 за брзо возење

пред 7 месеци

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 411 санкции, меѓу кои 83 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 43 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 45 за возење без возачка дозвола, 69 казни за непрописно паркирање и 61 возило подигнато со „пајак“, а 32 санкции за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.
 

Share

AnimeDao watch anime dub: Watch JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable (Dub) Episode 22

ANIMEFLIX animeflix attack on titan: Kuroko's Basketball 2 Episode 25

Scroll to Top