Полицијата во текот на вчерашниот ден (19. јануари) продолжила со засилените сообраќајни контроли, а мерки биле преземени и на територијата на скопски Сарај, информираат од МВР.
Од таму додаваат дека во Сарај изречени се вкупно 65 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, 7 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 9 санкции за користење мобилен телефон.
Од МВР нагласуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.