Полицијата денеска казни 82 возачи за брзо возење на автопатот Куманово – Скопје – Велес, соопшти МВР.
Денеска Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 82 возачи.
Од нив, 28 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возилo се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
„Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.