По засилените контроли во областа на сообраќајот на територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 129 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 28 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за технички неисправни возила.
Изречени биле и пет мерки за возач почетник, три санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за некористење на сигурносен појас, шест санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и за посигурни патишта.