На територијата на град Скопје вчера биле изречени вкупно 151 казна, меѓу кои за возење над дозволената брзина 59 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, три за некористење сигурносен појас, четири за вградени неатестирани фолии-затемнети стакла, три прекршоци што ги сториле возачи на мотоцикли, 44 за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.