Камион се излизга пред Скачковце, затворен патот кон Свети Николе

Камион се излизга пред Скачковце, затворен патот кон Свети Николе

пред 1 час

Патниот правец пред селото Скачковце, во насока кон Свети Николе, е затворен за сообраќај откако камион се излизгал и завршил попречно на коловозот.

На фотографиите од местото се гледа камионот кој го блокира патот, поради што сообраќајот е целосно во прекин.

Засега нема официјални информации за причините за настанот, ниту дали има повредени лица. Се претпоставува дека снежните врнежи и лизгавиот коловоз придонеле за излизгувањето на тешкото возило.

Текстот Камион се излизга пред Скачковце, затворен патот кон Свети Николе е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top