Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски, објави дека е позитивен на коронавирусот. Тој вели дека денеска добил позитивен резултат на тестот за Ковид-19 и дека следните 10 дена ќе биде во самоизолација.
„Почитувани граѓани, за жал мора да ве известам дека на моето денешно тестирање од Ковид-19 излегов позитивен, вакциниран и почитувајки ги сите мерки за заштита на моето и вашето здравје сепак дојде до оваа несакана ситуација за секого. Мојот тим е на терен и работи за да ја донесеме долго очекуваната и заслужена промена во Куманово“, напиша Михајловски на „Фејсбук“.