Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, по претходно добиени оперативни информации и судска наредба, денеска извршиле претрес во домот на Ш.О. (26) од Арачиново.
Како што информираат од МВР, при претресот била пронајдена автоматска пушка МП 40, една рамка за пушката и 16 куршуми.
Арачиновецот бил приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.