Клиниката за уво, нос и грло ќе обезбеди 50 места за пациенти со Ковид-19

пред 4 години

Министерот за здравство Венко Филипче, утрово направи обиколка низ интерните клиники во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“.

Тој го посети и новоотворениот ковид-центар на Клиниката за очни болести, кој од утрово почна со работа.

„Целиот здравствен систем е координиран и усогласен со сите јавно-здравствени установи. Во сите установи работи стручен медицински кадар. Здравствените работници се преморени, меѓутоа тие не се откажуваат и го даваат својот максимум во третманот на пациентите“, изјави Филипче.

Во ковид-центарот во Клиниката за очни болести хоспитализиран е првиот пациент, а целото одделение располага со капацитет од 23 кревети. Клиниката е спремна да помогне во згрижувањето на сите оние пациенти на кои им е потребна хоспитализација и кислородна поддршка.

Следен чекор е зголемување на болничките капацитетите со 50 легла за ковид пациенти и на Клиниката за уво, нос и грло. Во следните денови се очекува да биде комплетно спремна оваа установа, во која во моментов се поставува централен довод на кислород.

Share
Scroll to Top