Кого прави будала Јаневска? Каде во листите за студентски домови се објавени бодовите како што наложува Правилникот, прашуваат од Левица

Кого прави будала Јаневска? Каде во листите за студентски домови се објавени бодовите како што наложува Правилникот, прашуваат од Левица

пред 4 часа

Весна Јаневска повторно лаже и повторно сама себе се побива. Денеска прогласи дека за приемот во студентските домови се ширеле лажни вести и дека постапката била регуларна. Проблемот е што нејзината изјава не ја побиваат опозицијата, студентите или нечии толкувања, туку Правилникот што самата Јаневска го донела и потпишала пред два месеци, истакнуваат од Левица.

Од оваа партија посочуваат дека, новиот Правилник за начинот на прием на студентите во државните студентски домови исто како и старите, во член 13 не остава простор за неумесни толкувања: „Списокот на студентите со добиените бодви се објавува на интернет страницата на Министерството за образование и наука и на интернет страницата на домовите.“ Веднаш потоа, член 14 наложува определените лица во МОН да го изготват списокот на примени студенти и да го објават согласно член 13. На истиот документ стои и потписот на министерката Весна Јаневска, додаваат од партијата.

„А што објави Министерството? Само списоци на примени студенти по домови. Во јавно објавените листи се наведуваат лични и административни податоци за кандидатите, но нема колона со освоените бодови врз основа на кои е извршено рангирањето како што бара Правилникот. Затоа, го поедноставуваме прашањето кон Јаневска за да успее да нѐ сфати и да не бега при изјавите: Јаневска, каде се бодовите“.

Ова, како што оценуваат, е особено сериозно и е далеку од небитна административна маана.

„Правилникот детално определува како се добиваат бодовите, зависно од категоријата, се пресметуваат успехот, семејно-материјалната положба и редовноста во студирањето, со точно утврдени формули и максимум од 100 бодови. Ако бодовите се основа за рангирање, а резултатите се објавуваат без нив, студентот нема како да провери зошто еден кандидат е примен, друг одбиен, каде е пресечена границата и дали критериумите се применети еднакво и согласно Законот за студентски стандард и Правилникот.

Уште понесмасно е што Јаневска ваквите прашања да ги прогласува за „лажни вести“ и лаконски ги отфрла, кога Државниот завод за ревизија веќе предупреди токму на овој проблем во претходни постапки! За конкурсот 2022/2023 ревизорите не добиле поткрепувачка документација дека МОН извршило бодирање, односно утврдиле дека апликациите биле обработувани рачно и внесувани во Excel-табели без да се изврши бодување. Заклучокот на ДЗР е она на кое алудираме и ние, т.е. дека непостоењето на бодирање и такво објавување на ранг-листите овозможило субјективно постапување и фаворизирање на дел од студентите“.

И ова, според Левица, не е првпат Јаневска брутално да лаже и нејзината јавна реторика да се судри со документите на нејзиното Министерство. Таа, потсетуваат од таму, пред неколку недели тврдеше дека откако дошло ДПМНЕ на власт веднаш, и тоа двапати, го зголемиле износот за субвенциониран студентски оброк, а распиша повик со износ од 140 денари, односно ист износ како и во 2023 година пред да дојд

Текстот Кого прави будала Јаневска? Каде во листите за студентски домови се објавени бодовите како што наложува Правилникот, прашуваат од Левица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top