Концерт на Младинскиот оркестар при ЦК „Трајко Прокопиев“ во КИЦ на РСМ во Софија

пред 3 години

Денеска во КИЦ на РСМ во Софија, со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи концертот „Музиката нема граници“ на Младинскиот оркестар при Центарот за Култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Оркестарот, кој е формиран во 2020 година и функционира под уметничкото раководство на Александар Митрички, се претставува со македонска популарна и рок музика, преработки на македонски евергрини и народни песни. Во програмата на оркестарот се застапени музички композиции, познати од изведбите на Каролина Гочева, Тоше Проески, Александар Митевски и Драган Спасов Дац, Влатко Стефановски, Ареа, Куку леле, Нон стоп, Александра Јанева, Зијан, Ана Костовска, а исто така и џез преработки на познати македонски народни песни, како и песни од кумановскиот крај.

Младинскиот оркестар се состои од над 15 членови, а неговиот инструментариум е составен од вокални солисти, бас гитара, соло гитара, акустична гитара, клавијатури, саксофон, кларинет, кавал, хармоника, кахон, тарамбука, виолина, труба, тромбон.

Покрај композициите кои се пеат, оркестарот изведува и композиции во вид на џез стандарди, преработки на песни во инструментална форма и преработки на ора и песни од традиционалната македонска музика.

Концертот во КИЦ на РСМ во Софија ќе го изведат Петар Штерјовски – хармоника, Никола Стојковски – бас гитара, Филип Стојковски – гитара, Јован Цветковиќ – клавијатура, Иван Михајловски – кахон, Анастасија Филиповска – вокал, Мима Младеновска – вокал, Филип Гелевски – вокал.

Share
Scroll to Top