Косовски државјанин обвинет затоа што употребил лажни документи на аеродром

пред 4 години

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 20-годишен косовски државјанин за кривично дело фалсификување исправа.

„На 12 ноември, на Меѓународниот аеродром Скопје, при пасошка контрола, обвинетиот употребил лажен словенечки пасош и лажна словенечка лична карта. Иако знаел дека документите се лажни и несоодветни на оригиналните примероци, тој ги употребил како вистински при обидот за излез од државава“.​

Share
Scroll to Top