Кривична пријава за палење трски и насипување шут на струшкото крајбрежје

пред 6 години

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во заедничка координација со струшката полицијата, во март, обезбедил докази против лице што ангажирало градежна механизација за насипување и рамнење на дел од крајбрежјето со шут и земја.

На локацијата исто така биле забележани и траги од опожарена трска.

„Овие активности резултираат со недозволена крајбрежна трансформација и уништување на пределот“, велат од ДИЖС од каде додаваат дека постојано работат на откривање и санкционирање на уништување на природното наследство на струшкото крајбрежје.

Во одонос на овој случај, подготвена е кривична пријава што е доставена до надлежното Јавно обвинителство поради загрозување на животната средина и природата со отпадни материи.

За ова кривичлно дело предвидена е казна затвор од три месеци до три години, посочуваат од ДИЖС.

Share
Scroll to Top