Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

пред 3 години

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда, 16 јуни.

Главниот координативен Ковид-19 кризен штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките, почнувајќи од 16 јуни 2021 година и ги предлага на конечно усвојување на утрешната владина седница.

Комисијата предлага укинување на ограничувањето на движењето; сите настани кои ќе се организираат на отворено, да може да се организираат со капацитет до 1.000 лица и искористување на просторот до 50% и да се отстрани лимитот од 100 присутни лица на свадбите.

За препораките Владата ќе дискутира и одлучи на следната владина седница.

Share
Scroll to Top