Кумановец почина во пожар во поранешна фабрика

пред 3 години

Вчера во 15.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во помошен објект од поранешна фабрика на ул.„Доне Божинов“ во Куманово, сопственост на М.П.(59).

Во пожарот починал Д.Л.(79) од Куманово, роднина на сопственикот, кој живеел тука.

Смрт констатирал лекар од Медицински центар Куманово.

Во 16.50 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово.

Увид ќе се врши во текот на денот.

Share
Scroll to Top