Лабораторијата при „Водовод и канализација“ на листата на светски аналитички лаборатории

пред 4 години

Микробиолошката лабораторија при ЈП Водовод и канализација – Скопје на листата на светски аналитички лаборатории според Fapas.

„ЈП Водовод и канализација – Скопје континуирано продолжува со инвестициите во своите капацитети со цел подобрување и унапредување на работните процеси согласно европските и светските стандарди. На овој начин ЈП Водовод и канализација – Скопје овозможува услови за исполнување на сите работни процеси кои се директно поврзани со дејноста на претпријатието, а се однесуваат на потребите на граѓаните на град Скопје. ЈП Водовод и канализација – Скопје поставувајќи стандарди на работа во согласност со европските и светските регулативи и директиви прераснува во јавно претпријатие кое го достигнува нивото на претпријатијата од истиот домен во европски и светски рамки“ посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Микробиолошката лабораторија која работи во состав на Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и кананлизација – Скопје и која има акредитирано осум методи според МКС ISO 17025:2018, повторно по четири години учествуваше на меѓулабораториска проверка во организација на Fapas (Food Analysis Proficiency Assessment Scheme). Fapas преставува акредитиран proficiency testing провајдер со седиште во Јорк, Англија, кој се занимава со организирање на меѓулабораториски проверки во областа на храната и водата на светско ниво и чија дејност датира од 1990 година.

Секоја лабораторија за тестирање која е акредитирана според барањата на ISO / IEC 17025:2018, мора на секои 4 години да учествува во програми за тестирање за оспособеност (proficiency testing – PТ) кои се всушност надворешни меѓулабораториски проверки на квалитетот на работењето и тоа за сите нејзини акредитирани методи. Со овие тестирање за оспособеност лабораторијата ја докажува валидноста на методите кои ги работи не само во својата држава туку и пошироко на меѓународно ниво.

„По пристигнувањето на тестовите, сите вработени во микробиолошката лабораторија земаа активно учество во изработка на тестовите по 8-те акредитирани методи. Изработените резултати беа приложени на провајдерот согласно зададените рокови. Според резултатите од тестирањето за оспособеност (proficiency testing) на кое учествaa вкупно 37 лаборатории од светот, микробиолошката лабораторија постигна исклучителни резултати, коишто докажуваат дека истата според точноста во работењето слободно може да се класифицира како лабораторија која може да котира високо на светско ниво. Всушност бенефитите од овие учества во меѓународните proficiency testing шеми се состојат во тоа што доколку лабораторијата изработи добри резултати, како што е случајот со микробиолошката лабораторија при Секторот за санитарна контрола, агенцијата Fapas ги забележува истите во портфолиото на самата лабораторија и се вметнува во класата на светските аналитички лаборатории“- изјави Наташа Манолева, раководителка на микробиолошката лабораторија при ССК.

Ова е само уште еден доказ дека Секторот за санитарна контрола, при ЈП Водовод и канализација – Скопје е чекор понапред во својата работа која ја извршува одговорно, транспарентно и во согласност со сите европски и светски стандарди, регулативи и директиви.

Share
Scroll to Top