Левицата: Бугари во Уставот е предавство, на денешен ден почна бугарската фашистичка окупација на Македонија

Левицата: Бугари во Уставот е предавство, на денешен ден почна бугарската фашистичка окупација на Македонија

пред 8 месеци

,,На 18 април 1941 година, со одборение на Хитлеровата врховна команда, единиците на Петтата бугарска армија, со Шестата и со Седмата пешадиска дивизија, ја започнаа воената окупација на Македонија“, велат од Левица.

„Овој историски факт, под рефлекторите на денешното политичко препрочитување на историјата на Македонија, Бугарија настојува овој настан од историјата наместо окупација еуфемизирано да се третира како администрирање со Македонија. Но, историските факти говорат друго! Затоа во очи на претстојните парламентарни избори, направете го вистинскиот избор и гласајте за Левица, единствената партија која се залага за раскинување на договорот со Бугарија“, посочуваат оттаму и додаваат:

„Гласајте за Левица, затоа што Бугари во Устав е предавство!”, изјавија од Левица.

Текстот Левицата: Бугари во Уставот е предавство, на денешен ден почна бугарската фашистичка окупација на Македонија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top