Летна читачко-креативна детска авантура во Карпош

Летна читачко-креативна детска авантура во Карпош

пред 2 часа

Во период од 16 јуни до 16 јули, библиотеката „Другарче“ ќе биде централно место за дружење, креативност и многу читање. Станува збор за проектот „Читањето како навика, библиотеката како дом-Интеркативни читачки работилници за деца“, во организација на Марија Павлеска, едукатор и основач на профилот „Мама ми чита“.

Проектот е финансиски поддржан од Општина Карпош, преку Програмата за култура на Секторот за дејности од јавен интерес.

Работилниците ќе се одржуваат секој вторник и четврток, во период од пет недели. За време на овие интерактивни читачки и креативни работилници, децата ќе откриваат нови книги, ќе создаваат свои приказни и ќе развиваат читачки и социјални вештини во друштво на своите врсници. Во текот на еден месец, децата ќе уживаат во игра и драматизација како и стекнување на нови пријателства, информира Општина Карпош.

Читачко-креативната работилница се однесува за деца од 4 до 12-годишна возраст, а учеството е бесплатно кое претходно се пријавува преку порака на инстаграм профилот @mama_mi_chita.

Текстот Летна читачко-креативна детска авантура во Карпош е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top