Марин: Општина Аеродром нема да потроши ни денар буџетски средства за набавка на нови мобилни телефони

пред 6 дена

Градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин преку соопштение ги демантира гласините за набавка на мобилни телефони со буџетски пари. Тој вели дека одлуката којашто е проследена во написите е составен дел на Упатството за користење службени мобилни телефони во Општината и е изгласана на седница на Советот од страна на сите 27 советници.

„ Станува збор за определување на максимална висина на бенефиции што ќе можат да ги искористат вработените и советниците во иднина, а претставуваат право на Општина Аеродром согласно со Договорот за користење мобилни услуги со компанијата Македонски телеком во времетрање од 24 месеци.

Во тој контекст нагласувам дека Општина Аеродром нема да потроши ни денар буџетски средства за набавка на нови мобилни телефонски апарати, односно станува збор за субвенција по основ на претплатничка линија. Дополнително ја информирам јавноста дека со бенефициите што ги има добиено Општина Аеродром врз основа на ваквиот Договор, за првпат во државата е овозможено јавно и транспарентно да бидат споделени во рамките на општинската администрација.

Договорот со мобилниот оператор е јавно достапен на системот за е-јавни набавки и секој може да се увери во максималниот ефект којшто Општина Аеродром го има добиено при спроведување на јавната набавка за мобилни услуги“ се вели во демантот.

Share

AnimeHeaven anime websites: Watch Your Lie in April Episode 14 (https://animeheaven.pro/m/EDo/ep-14)

AnimeDao tokyo ghoul animedao: Watch Umibe no Étranger Episode Full (https://animedao.nl/m/0k26/ep-1)

Scroll to Top