Маричиќ: Силната поддршка од нашите партнери е гаранција за успешно изодување на патот кон ЕУ

Маричиќ: Силната поддршка од нашите партнери е гаранција за успешно изодување на патот кон ЕУ

пред 1 година

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, оствари средба со Мануел Сарацин, специјален претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, и со Анжеј Франгеш, специјалниот пратеник на Република Словенија за Западен Балкан.

Фокусот на средбата беше посветен на реализацијата на евроинтеграцијата на Северна Македонија, со споделување искуства и мислења за користење на бенефитите за планот за раст, уставните измени, реформите и извесноста на европската перспектива на Западен Балкан.

Заедничката детерминираност на Северна Македонија и државите од Западен Балкан за влез во Унијата, како и постојаната силна поддршка од нашите партнери е гаранција за напорите што ги вложуваме и овозможуваат успешно изодување на патот кон ЕУ.

На средбата бее потврдени заедничкото пријателство и поддршката за напредокот кон ЕУ од двете пријателски земји, Словенија и Германија на Северна Македонија.

Маричиќ заедно со специјалните пратеници заклучија дека членството во ЕУ ќе биде извесно, а новиот план за раст, подадената рака од Европската комисија, треба што побргу да се прифати и во целост да се искористи со цел реализирање на нашата стратешка цел за влез во ЕУ.

Двајцата специјални пратеници за Западен Балкан, Сарацин и Франгеш, неоспорно ја потврдија стратегијата на Европската Ккмисија за идното проширување, која презентира конкретна слика за реализација на вклучување на регионот на Западен Балкан во ЕУ и ја поддржаа нашата заложба за преземање на следните конкретни мерки во процесот на преговорите, реализација на реформите и овозможување на бенефитите за граѓаните преку планот за раст за Западен Балкан.

Вицепремиерот ги потврди заложбите и посветеноста на Владата за натамошна успешна реализација за европската иднина на Северна Македонија.

За крај, Маричиќ им се заблагодари на Германија и на Словенија за поддршката, кои се наши политички, економски партнери и сојузници во исполнувањето на реформската агенда и на стратешките цели на патот кон ЕУ.

Текстот Маричиќ: Силната поддршка од нашите партнери е гаранција за успешно изодување на патот кон ЕУ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top