Маркетите од денеска со нова обврска: ќе треба јавно да ги објават цените на производите

Маркетите од денеска со нова обврска: ќе треба јавно да ги објават цените на производите

пред 1 година

Трговците се должни од денеска да ги објавуваат продажните цени на производите на нивните официјални веб страници.

Министерството за економија изготви Правилник за начинот на објавување на цените на стоките.

Ажурирањето на цените треба да се врши секој ден до 10 часот, а во случај на ненамерна техничка грешка, трговецот е должен да ја корегира грешката во рок од 24 часа.

Со ваквиот начин на објавување на продажните цени како што оценуваат надлежните, ќе се обезбеди транспарентност, поголема конкурентност и намалување на цените.

За оние кои нема да ја почитуваат, пропишани се глоби кои достигнуваат и до 10 илјади евра.

Мерката според најавите нема да важи за трговците кои имаат до 10 вработени.

Текстот Маркетите од денеска со нова обврска: ќе треба јавно да ги објават цените на производите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top