Носењето заштитни маски ќе биде задолжително секаде, на отворен и затворен простор, а од ова правило ќе бидат исклучени единствено децата помали од шест години, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. „ Се забранува групирање на повеќе од четири лица на јавен простор после 22 часот. Забрана на семејни поголеми прослави во домашни услови, се забранува групирање на слави и собири во групи во домовите. Освен оние кои живеат на адресата, дозволено ќе биде да има најмногу четири гости“, најави Филипче. Тој рече дека состојбата кај нас иако е стабилна, може лесно да ескалира. Комисијата за заразни болести денеска ги достави новите предлог мерки до Владата, поради зголемениот број на заразени со Ковид-19.
![](https://info.mk/wp-content/uploads/2020/10/pesaci-koronavirus-skopje-maski-1-1200x675.jpg)