Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го посети основното училиште „7 Март“, каде што одблиску го проследи напредокот на градежните работи за изградба на новиот училиштен базен, инвестиција во вредност од околу 1 милион евра, наменета за спортскиот развој и создавање нови можности за децата од Чаир.
За време на посетата, Меџити информираше дека работите се одвиваат според предвидената динамика и дека проектот влегува во завршна фаза, додека отворањето на базенот се очекува наскоро. Оваа инвестиција има за цел да им обезбеди на учениците современи услови за учење пливање, развивање на спортските таленти и учество во активности кои го поттикнуваат здравјето и физичкиот развој.
„Ветувањата ги реализираме едно по едно. Денеска го посетив училиштето „7 Март“ за одблиску да ги проследам работите на новиот базен, кои се одвиваат според планот. Овој проект го ветивме за време на изборната кампања, го вклучивме во нашата програма и денес го претвораме во реалност. Со инвестиција од околу 1 милион евра создаваме услови нашите деца да научат да пливаат, да ги развиваат своите таленти и да растат со спортот. Довербата што ни ја дадоа граѓаните ја претвораме во конкретна работа и инвестиции“, изјави Меџити.
Новиот базен во училиштето „7 Март“ е дел од инвестициите во образовната и спортската инфраструктура на Општина Чаир, со фокус на подобрување на условите за учениците и создавање еднакви можности за нивниот развој.
Текстот Меџити: Новиот базен во училиштето „7 Март“, инвестиција од околу 1 милион евра за децата од Чаир е превземен од МАКФАКС.





