Меџити: Чаир продолжува да го слави Ноември со песни, ора и албанска гордост

Меџити: Чаир продолжува да го слави Ноември со песни, ора и албанска гордост

пред 4 часа

Во рамките на манифестацијата „Чаир го слави Ноември – 20 години гордост“, вчера вечер во Албанскиот театар во Скопје се одржа концертот „Skutacja e Cauces“ на Државниот ансамбл за албански народни песни и ора. Преку богат уметнички репертоар, традиционални песни и ора, ансамблот пред публиката ги претстави вредностите на албанското музичко и културно наследство.

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го истакна значењето на промовирањето на албанската уметност и култура преку организирање активности кои придонесуваат за афирмација на националниот идентитет и наследство.

„Одлучивме Ноември да го прославиме со богата програма на настани, во која албанската уметност и култура го заземаат местото што го заслужуваат. А прославата продолжува“, истакна градоначалникот Меџити.

Концертот беше дел од шестдневната програма организирана од Општина Чаир по повод ноемвриските празници и 20-годишнината од поставувањето на споменикот на Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег во Скопје. Празничните активности ќе продолжат до 28 ноември, а ќе кулминираат со централната манифестација „20 години гордост“, во 14:00 часот, на плоштадот „Скендербег“.

Текстот Меџити: Чаир продолжува да го слави Ноември со песни, ора и албанска гордост е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top