Министерот Минчев со честитка за христијанскиот празник Богојавление – Водици

Министерот Минчев со честитка за христијанскиот празник Богојавление – Водици

пред 6 часа

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, испрати честитка по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.

„Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Нека овој празник донесе мир, здравје и благосостојба во Вашите домови и биде поттик за заедништво, солидарност и меѓусебно почитување.

Во духот на празникот, со заедничка посветеност, да продолжиме да придонесуваме кон унапредување на јавната администрација, во интерес на сите граѓани“, пишува во честитката.

Текстот Министерот Минчев со честитка за христијанскиот празник Богојавление – Водици е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top