Митрески: ВМРО-ДПМНЕ одби да обезбеди средства за подобрувања на инфраструктура во дебарско

Митрески: ВМРО-ДПМНЕ одби да обезбеди средства за подобрувања на инфраструктура во дебарско

пред 2 години

СДСМ предложи амандман со кој бара да се обезбедат средства за завршување на втората етапа на патот во село Долно Косоврасти.

– Бараме да се обезбедат средства и за мост на трасата на патот, кај село Долно Косоврасти, како и средства за изградба на локален пат во село Дишане, во општина Дебар. Покрај ова, бараме да се обезбедат средства за изградба на кружен тек во општина Маврово и Ростуше, рече пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, на комисијата за финансирање на буџет.

Заменик министерот за финансии ги одби сите три амандмани предложени од СДСМ.

Текстот Митрески: ВМРО-ДПМНЕ одби да обезбеди средства за подобрувања на инфраструктура во дебарско е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top