Доколку пратеникот Кастриот Реџепи веруваше во иднината која ја споменува, можеше да дојде и да гласа по своја волја. Но, сите знаат дека причината е сосема друга и поинаква, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Реџепи беше меѓу главните критичари на владата предводена од СДСМ и ДУИ, се потпиша како 61 на оној список кој требаше да биде список за гласање недоверба на Владата, но јавноста е сведок што се случуваше“, посочи Мицкоски кој додаде дека Реџепи бил спречен да дојде и да гласа.