Мицкоски: Донирани се инвертер клима уреди за 500 семејства

Мицкоски: Донирани се инвертер клима уреди за 500 семејства

пред 15 минути

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на доделени ваучери за инвертер клими за повеќе од 500 семејства, изјави:

„Тоа е уште еден проект којшто го реализираше Владата, а тоа е во делот на донирање на инвертер клима уреди за 500 семејства коишто согласно својот социјален статус ги исполнуваат условите за да можат да ги кондиционираат своите домашни простории. Во случајов еве, бидејќи доаѓа грејната сезона да ги загреваат. И ова е дел од проектите и политиката на Владата да поддржува ваков тип на проекти. Тоа е исто така во насока на борбата со намалување на емисијата на штетни честички, односно загадувањето. Така што ние ќе продолжиме и понатаму овие проекти да ги спроведуваме.“

Текстот Мицкоски: Донирани се инвертер клима уреди за 500 семејства е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top