Мицкоски до ДУИ и СДСМ: Кажете јавно, како што се договарате за тендерите и криминалните зделки, така се договоривте и да нема одговорност за Тетово

пред 3 години

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во општина Илинден ги прозва ДУИ и СДСМ дека како што се договараат за тендери и криминални зделки, така се договориле и за да нема одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово каде живи изгореа 14 луѓе.

„ Толку се нервозни што почнаа меѓу себе да се тепаат по улици, очи да си вадат. Кога ДУИ и СДСМ ќе се договорат за 14 изгорени луѓе од Тетово, сложно викаат дека крив е кабелот, кога не може да се договорат за бизниси делат тупаници среде Скопје. Заев и неговите во оваа кампања се надминуваат себеси. Ако претходно секој ден имаше по еден до два скандали сега се веќе три до четири дневно. Кулминира лудилото, ароганцијата и опиеноста од моќта на владењето, зачинето со страв од пораз па почнаа да се распаѓаат по сите шавови“, потенцираше Мицкоски.

Затоа драги пријатели 17 октомври е денот кога сложно треба да ставиме крај на ова лудило, порача Мицкоски.

Share
Scroll to Top