Мицкоски: Левица одби заедно да го срушиме Заев, мислам дека тоа се должи на политичко неискуство

пред 5 години

Откако лидерот на Левица, Димитар Апасиев, ја одби понудата од Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека жали за ваквата одлука на Левица.

„Жалам што раководството на Левица ја одбива подадената рака за обединување со опозицијата против неспособноста, против криминалот, корупцијата и против лошиот живот наметнати од власта на СДСМ и ДУИ.

Дозволувам да верувам дека ова е можеби резултат на недостаток на политичко искуството на раководството на Левица“, објави Мицкоски на социјалните мрежи.

Според него, факт е дека дел од раководството на Левица има лична одговорност за носењето на коалицијата СДСМ/ДУИ на власт.

„Еве шанса да се поправи грешката која сите нас скапо не чини. Да се обединиме во голем опозициски блок против СДСМ и ДУИ, Целта е коалиција против криминал и корупција, за вадење на Македонија од калта во која се наоѓа, за подобра економија, образование и здравство.

Сосема на крај, никој нека не се сомнева во посветеноста и силината на ВМРО, таа извира од македонскиот народ, нашата традиција и идентитет.

Ние одиме по патот на рушење на овој корумпиран хибриден режим, дали Левица ќе биде дел од тој поход зависи од нив…“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Share
Scroll to Top