Мицкоски: Поевтинуваат катастарските услуги за шестпати, до милион евра годишно ќе остануваат во паричниците на граѓаните

Мицкоски: Многу набрзо од денеска започнува изградбата на спортската сала во Воената академија

пред 2 години

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека многу набрзо од денес започнува изградбата на спортската сала во Воената академија.

„Преку Министерството за спорт, во склоп на Воената академија ќе отпочне реализацијата и на таа спортска сала, набргу. Тоа е еден од оние проекти коишто се дел од капиталните инвестиции, ние мораме да имаме повеќе капитални инвестиции со што ќе ја зголемиме економската активност на компаниите кај нас, а со тие капитални инвестиции ќе го зголемуваме бруто домашниот производ, така што и тоа е едно од оние ветувања што ќе отпочне со реализација бидејќи го помина владиниот филтер во на текот на вчерашната владина седница“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

Текстот Мицкоски: Многу набрзо од денеска започнува изградбата на спортската сала во Воената академија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top