Истите тие кои ја крадеа, распродаваа и понижуваа Македонија, сега грчевито се борат да ја блокираат. Исплашени се дека, по декемврискиот извештај, сега и во јунскиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјите од Западниот Балкан повторно ќе бидеме најдобри. Но, имам лоша вест за нив и нивните коалициони леви партнери: Македонија ќе ве победи вас и вашите блокади, напиша на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски.
„Повторно ќе добиеме најмногу буџетски средства и повторно ќе добиеме најмногу отворени фондови за финансирање на проекти.
Блокираат закон кој со месеци го договараа. Закон во кој им прифативме сѐ што предложија“.
Мицкоски наведува дека единственото нешто што е побарано е дијаспората да може да гласа по електронски пат уште на следните претседателски избори.
„Прво го прифатија, а денес го блокираат и бараат бледи алиби-аргументи.
Ајде вака: предложете амандмани со кои барате корекција на начинот на заокружување и поднесување приговори. Веднаш ќе ви ги прифатиме. Повлечете ги другите амандмани и да го изгласаме Изборниот законик“.
Нашата дијаспора, потенцира Мицкоски има право да учествува по електронски пат на следните претседателски избори, во време кога во светот вештачката интелигенција ќе има клучна улога.
„Имате шанса овој пат вистински и суштински да бидете за европската иднина на Македонија, не со менување на Уставот, туку со реформи“.
Текстот Мицкоски: Нашата дијаспора има право да учествува по електронски пат на следните претседателски избори, СДСМ имаат шанса и суштински да бидат за европска иднина на Македонија е превземен од МАКФАКС.




