Мицкоски на средба со Мануел Сарацин: новиот пратенички состав и идната влада ќе бидат силно посветени на реформите и трансформацијата на Македонија

Мицкоски на средба со Мануел Сарацин: новиот пратенички состав и идната влада ќе бидат силно посветени на реформите и трансформацијата на Македонија

пред 2 години

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски и пратениците и членови на ИК, Марија Митева и Антонијо Милошоски оствари средба со специјалниот претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

Во духот на одличната соработка беше и оваа средба, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, во која се потенцираше важноста за реформските процеси како и можностите за продлабочување на соработката помеѓу Македонија и Германија.

Мицкоски истакна дека новиот пратенички состав и идната влада ќе биде силно посветена на реформи и трансформација на Македонија.

Текстот Мицкоски на средба со Мануел Сарацин: новиот пратенички состав и идната влада ќе бидат силно посветени на реформите и трансформацијата на Македонија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top