Мицкоски: Ова се денови на голема среќа, која треба да ја пренесеме на сите луѓе без разлика на нивната вера

пред 3 години

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски им го честита Велигден на граѓаните од православна вероисповед. Им посака здравје, среќа, спокој, мир во душите, затоа што, како што рече, само така ќе можеме да ги постигнеме целите кои што ги имаме зацртано.

„ Ја користам исто така оваа прилика на сите граѓани во Македонија без разлика на нивната вероисповед, христијанин, муслимани, атеисти, и останати исто така да им посакам мир, здравје, спокој во душите. Правдата да ја победи неправдата. Доброто да го победи злото. Затоа што ова се денови кога сите ние празнуваме со една голема среќа во нашите тела и таа среќа треба да ја пренесеме на сите наши сограѓани без разлика на нивната вероисповед. Затоа што едни и други треба да се сакаме и почитуваме без разлика на нашите различности затоа што пред и над се сите ние сме луѓе. И само почитувањето и меѓусебната поддршка може да не води напред, но и да ја води напред нашата заедничка татковина Македонија.

Уште еднаш, нека ни е честит Велигден! И Христос воскресе!“ рече Мицкоски.

Share
Scroll to Top