Опозицијата го кочи напредокот на реформската агенда, преку блокирање на работната група за Изборниот законик, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали Владата ќе ја исполни на реформската агенда.
„Имавме состанок со господинот Герт Јанг Копман којшто во рамките на Европската комисија тоа го движи. Сите сме оптимисти, од оние десет дека можеме девет и пол да испорачаме, од оние, а може и десет, буквално така заклучивме, коишто се во грејс период. Еден или два чекори зависат од учеството на опозицијата во нив, т.е. еден во овој грејс период, а тоа е Изборниот законик. Се надевам дека таму разумот ќе преовладее, дека ќе се вратат во работната група и ќе го усвоиме сите заедно овој Реформски закон. Затоа што реформите не се само промени на Уставот, јас го разбирам ова меко ткиво на македонскиот идентитет во СДСМ коешто во моментот е раководство на СДСМ и дека најлесно им е да коленичат, наместо да работат. Но, реформите и доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Устав, туку има уште многу посуштински работи коишто треба да ги завршиме. Е ние сме фокусирани на суштинските работи, а тие нека коленичат таму каде што коленичат“, рече Мицкоски.
Текстот Мицкоски: Опозицијата го кочи напредокот на реформската агенда, преку блокирање на работната група за Изборниот законик е превземен од МАКФАКС.





