Мицкоски: Скопското Кале добива нов лик, ќе го претвориме во врвна туристичка атракција

Мицкоски: Скопското Кале добива нов лик, ќе го претвориме во врвна туристичка атракција

пред 2 часа

Скопското Кале ќе се уредува со финансиска и логистичка поддршка од Владата, а премиерот Христијан Мицкоски очекува, доколку активностите почнат годинава и се одвиваат според планот, следната година да го добие изгледот и функционалноста што ги заслужува.

Мицкоски рече дека целта е Калето да стане значајна туристичка атракција и да биде дел од Скопје – европска престолнина на културата.

„Очекувам во периодот што следи Калето да го добие оној лик и функционалност каква што заслужува. Тоа ќе биде наша цел како Влада, заедно со институциите што се надлежни за различни делови“, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека просторот веќе е делумно хортикултурно уреден за посетителите да можат да се запознаат со Калето, но нагласи дека не е задоволен од сегашната состојба.

„Знаеме дека Калето има повеќе можности и ние како Влада ќе застанеме зад институциите и финансиски и логистички, за Скопското Кале да го добие оној лик што го заслужува“, рече премиерот.

Мицкоски им се заблагодари на институциите, професорите и експертите што досега работеле на истражувањето на Калето и оцени дека она што ќе биде изложено ќе ги изненади и домашните и странските посетители.

Текстот Мицкоски: Скопското Кале добива нов лик, ќе го претвориме во врвна туристичка атракција е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top